Името Република Илинденска Македонија

од desk4

 НЕма потврда но нема ниту официјален демант. новиот предлог за името е пуштено во оптек пред јавноста- Република Илинденска Македонија

„Република Илинденска Македонија“ е  предлогот за решавање на спорот за името, за кој вчера во Софија  до рано изутрина разговарале македонскиот и грчкиот премиер Заев и Ципрас, потврдија за НОВА дипломатски извори. Предлогот бил наводно прифатлив и за грчката страна, која инсистира новото име да важи „ерга омнес“ .

Информации од Грција говорат дека партиите немаат отпор кон вакво решение и дека за грчките партии тоа било прифатливо. ВО македонската јавност дебатата тргна по социјалните медиуми.

За разговорите со Ципрас, Заев најави дека ќе се консултира со Претседателот и со лидерот на опозицијата.

„Продолжуваме дома со консултации со институциите, и ако е возможно тоа, веројатно ќе имаме решение. Потврдивме дека стоиме како премиери на сето тоа што беше постигнато. За тоа што беше останато разгледавме неколку опции и утврдивме една опција. Но мора да внимаваме како тоа ќе биде спроведено. Ќе разговараме со претседателите на државите и другите лидери, и со опозицијата“, изјави Заев на прес- конференцијата во Софија.

Грчкиот премиер Ципрас по завршувањето на разговорите во Софија кажа дека постојат голем број предлози, некои алтернативни, но дека ништо не е конечно договорено.

„Ги разгледуваме чекор по чекор сите детали. Не сме, се уште не сме во позиција да говориме за договор. Ќе постојат и следни чекори. Заедничка цел е да имаме резултат пред Самитот на крајот од јуни и неколку дена пред самитот на европските министри за надворешни работи “, изјави Ципрас на прес-конференција во Софија.

 

Инаку, пакетот решение за спорот освен новиот предлог за името, предвидува јазикот – да биде македонски. Во графата – државјанство, според предлогот ќе да биде запишано: граѓани на Република Илинденска Македонија, а нема да има промена на меѓународните кодови и ќе продолажат да се користат кратенките, МК/МКД.

Идејата е со референцата „Илинденска“  да се потврди историскиот континуитет на државата на кој се реферира и во Преамбулата на Уставот. Грчата страна постојано инсистира  на одвојување на грчката Македонија и токму поради тоа досега преговараше за географска одредница  и како  сет предлози од  Нимиц беа Горна, Северна, Вардарска. Временска одредница беше само предлогот Нова Македонија, и сега последниот предлог Илинденска Македонија.

 

Слични содржини