Инцидент во Британија: Маж фрлал со јајца кон кралот Чарлс и Камила (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Британската полиција уапси маж откако тој фрлил јајца кон кралот Чарлс Трети и неговата сопруга Камила.

Кралската двојка била пречекана од градските челници, но одеднаш еден човек излетал од толпата и фрлил три јајца кон нив.

Се слушнало како демонстрантот извикува „оваа земја е изградена врз крвта на робовите“ додека околу четворица полицајци го собориле на земја.

Присутните во толпата започнале да скандираат „Боже спаси го кралот“ и „срам да ти е“ кон мажот.

Слични содржини