Инцидент во Франкфурт: Непознат маж поминал покрај обезбедувањето на Шолц и му пришол на канцеларот

од Stefanija Kuzmanovska

Германската полиција направила безбедносен пропуст, кога непознат маж успеа да влезе во ВИП конвојот на германскиот канцелар Олаф Шолц и срдечно го прегрна канцеларот додека тој се подготвувал да се качи во авионот на аеродромот во Франкфурт, пренесе АП.

Денешното издание на „Билд“ наведува дека телохранителите на Шолц подоцна ја сфатиле грешката и го фатиле мажот.

Канцеларијата на Шолц потврди дека инцидентот се случил во средата вечерта кога Шолц се враќал во Берлин од Франкфурт, по прославата на 25-годишнината од Европската централна банка.

Во инцидентот нема повредени, но во тек е истрага за тоа како дошло до безбедносниот пропуст.

Слични содржини