Индија ќе преработува руска нафта и ќе ја испраќа во ЕУ како дизел

од Nikola Popovski

Индија ќе преработува руска нафта и ќе ја испраќа во Европската унија како дизел гориво, пренесува Блумберг.

Пред почетокот на украинската војна, Русија беше најголемиот снабдувач на гориво во Европа, а воведувањето санкции ќе доведе до значителна промена на правците на глобалниот проток на дизелот, пишува американската агенција, пренесува Спутник.

Испораките на ЕУ од САД и Индија веќе се во пораст, бидејќи тие земји произведуваат повеќе отколку што трошат, што им овозможува да го извезат вишокот, наведува Блумберг, истакнувајќи дека по почетокот на војната, Индија стана еден од најголемите купувачи на Руска нафта.

Значителниот пораст на протокот на индискиот дизел практично обезбедува руската нафта да се купува и рафинира во Индија, пред да се продаде назад во Европа, се вели во текстот.

На овој начин европските санкции не ја запреа целосно испораката на руска нафта во Европа, укажува Блумберг.

Слични содржини