Индиец држел 20 деца како заложници цели 9 часа: Бесните соседи ја претепале неговата сопруга до смрт (видео)

од Nikola Popovski

Полицијата во Индија уби маж кој организирал лажна роденденска забава за својата едногодишна ќерка, а потоа зел како заложници повеќе од 20 деца, пренесува BBC.

Убиениот Субхаш Батам порано бил обвинет за убиство, но се наоѓал на слобода. Неговите соседи во Фарукбабад подоцна ја претепале неговата сопруга до смрт.

Тој ги држеше децата во заложништво десет часа, за кое време полицијата се обидувала да преговара со него. Кога полицијата влегла во куќата каде се наоѓаа децата и Батам, тој бил веднап убиен. Сите деца на возраст од шест месеци до 15 години се спасени.

Локалниот новинар Дипак Кумар Сривастава изјави за BBC дека неговите соседи ја минале ноќта во страв.

– Имаше страв во соседството и никој не спиеше. Сите беа загрижени за безбедноста на децата – рече тој. Тој исто така додаде дека полицијата поминувала часови обидувајќи се да го убеди Батам да ги ослободи неговите деца. И кога не успеаја, ги повикале специјалните сили за помош.

Батам ги поканил децата од село во Фаракабад на роденденската забава на неговата ќерка. Потоа ги зел сите како заложници, меѓу кои и сопствената ќерка и сопруга, пренесува Index.hr.

„Тој сметаше дека соседите се одговорни за неговото апсење во случајот на убиството и така сакаше да се одмазди“, рече Сривастава.

Пред да биде убиен, Батам се согласи да пушти 6-месечно бебе, кое му го предал на соседот преку балконот, по седум часа заробеништво.

Слични содржини