Индиец ја обезглавил својата ќерка и во полиција ја однел отсечената глава

од Берта Китинска

Полицијата во индиската држава Утар Прадеш уапси човек кој признал дека ја обезглавил својата ќерка тинејџерка.

Сарвеш Кумар беше уапсен во средата навечер додека одеше кон полициската станица во округот Хардој, носејќи ја отсечената глава на неговата 17-годишна ќерка.

„Одеше до полицијата за да признае што сторил. Тој рече дека ја видел својата ќерка со еден млад човек со кого очигледно била во врска, што го налутило бидејќи тој бил против тоа “, изјави во петокот полицискиот портпарол на Си-Ен-Ен.

Слични содржини