Индија бара сојот на коронавирус да не се нарекува „индиски“

од Nikola Popovski

Владата во Индија побара од социјалните мрежи да ја отстранат содржината со која новата варијанта на вирусот корона се нарекува „индиска“.

Министерството за информатичка технологија објави дека Светската здравствена организација (СЗО) ја регистрирала варијантата како B.1.617 и дека секоја референца за Индија е лажна, објави „Индија тудеј“, цитирајќи ја агенцијата ПТИ.

Препораката до социјалните медиуми е издадена со владина наредба на Министерството за електроника и информатичка технологија, документот не е објавен јавно, но индиските медиуми тврдат дека го добиле.

Во текстот на упатството се вели дека СЗО „не го поврзала терминот индиски сој со варијантата Б.1.617 на вирусот корона во ниту еден извештај“. Според владини претставници, СЗО никогаш не ги поврзува земјите со името на варијанта на вирусот, па затоа „не станало збор за кинески или вухански вирус“, додавајќи дека „именувањето варијанти како британски, бразилски или јужноафриканец било погрешно“.

Индиските власти велат дека ова испраќа лоша слика за Индија во светот.

„Индија тудеј“ исто така наведува дека стојат политички причини кои стојат зад таквата препорака, бидејќи Раул Ганди и другите опозициски лидери го користеле изразот „Мовид пандемија“ (по премиерот Нарендра Моди) или „Индиска пандемија“ за да ја критикуваат владата за лошото однесување и преземените мерки против коронавирусот.

Слични содржини