Индија е покосена од епидемија на „црна габа“: Нова смртоносна болест се појави по Ковид-19

од Nikola Popovski

Епидемијата на коронавирус во Индија, каде во саботата беа пријавени 4.194 смртни случаи како резултат на КОВИД 19, дополнително се влошува со појава на нова инфекција позната како „црна габа“.

Оваа смртоносна инфекција се чини дека се јавува кај пациенти со КОВИД -19 кои развиваат промена на бојата во очите и носот, заматен вид, болка во градите и отежнато дишење. Во некои случаи, лекарите морале да отстранат едното или обете очи или дел од вилицата на пациентите, за да спречат ширење на болеста.

Земјите низ Индија наредија итни мерки за борба против оваа ретка инфекција, која најмногу ги погодува пациентите со дијабетес.

Прогласена е епидемија

Државите Гуџарат и Теланган се последните во серијата што прогласија епидемија на „црна габа“. Државата Махараштра забележа повеќе од 2.000 случаи, а Гуџарат околу 1.200 случаи.

„Лекарите велат дека луѓето со коронавирус кои имаат дијабетес и ослабен имунолошки систем се особено подложни на инфекцијата. Тие веруваат дека употребата на стероиди во третманот на КОВИД-19 може да придонесе за тоа “, јавува репортерката на Ал Џезира, Елизабет Пуранам од Њу Делхи.

Индија објави повеќе од 400.000 инфекции на ден на почетокот на мај, но бројките постепено се намалија. Во саботата се пријавени 257.299 нови случаи.

Слични содржини