Индија полуде по Меланија Трамп, ја дочекуваа со овации и билборди (ФОТО)

од Elena Daskalova

Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија се во официјална посета на Индија. За оваа земја може да се каже дека повеќе ја обожава првата дама, отколку самиот претседател.

Тие со билборди го најавувале нивното доаѓање, а кога пристигнале, целата нација се радувала и била воодушевена од Меланија Трамп.

Повеќе од 100.000 луѓе излегле на улиците и се собрале на стадионот, за да ја поздрават првата дама на САД.

Притоа, таа и Доналд го посетиле Таџ Махал, а Меланија не можела да го скрие воодушевувањето од оваа грандиозна градба, споменик на една древна љубов.

Слични содржини