Индија тестираше балистичка ракета со дострел од над 5.000 километри (ВИДЕО)

од Milan1

Индија соопшти дека тестирала интерконтинентална балистичка ракета со нуклеарен капацитет и дострел од над 5.000 километри.

Во соопштението на индиската влада се наведува дека ракетата „Агни-5“, која беше лансирана од остров на истокот на земјата, била успешно тестирана. Се додава дека ракетното тестирање било спроведено во согласност со минималната политика на одвраќање и се проценува дека балистичката ракета „Агни-5“ може да ја погоди целата територија на Кина.

Интерконтиненталната балистичка ракета (ИЦБМ) е балистичка ракета со дострел од над 5.000 километри. Таквите проектили главно се дизајнирани да носат нуклеарно оружје, или една или повеќе нуклеарни бомби.

Неодредената гранична линија меѓу Кина и Индија, опкружена со хималајските планини, предизвикува спорови околу прашањето за суверенитетот меѓу двете земји. Границата долга 3.500 километри, која вклучува потоци, езера, глечери и снежни врвови, често доведува до тензии меѓу двете страни.

Слични содржини