Индија: За пет дена се заразиле 1,57 милиони луѓе со коронавирус

од Vladimir Zorba

Индија во петокот објави уште едно рекордно дневно зголемување на случаите со коронавирус, со вкупно 1,57 милиони заразени од понеделникот, додека стапката на вакцинација во земјата драматично опаѓа поради недостиг на вакцини и проблеми со транспортот.

Бидејќи смртоносниот втор бран на Ковид-19 во Индија продолжува непречено, има вкупно 21,49 милиони случаи, а инфекциите се шират од пренатрупаните градови во оддалечените рурални области каде што живеат скоро 70 проценти од 1,3 милијарди жители.

Земјата во петокот објави рекордни нови 414.188 инфекции, додека смртноста од Ковид-19 се зголеми за 3.915, со што бројот на жртвите достигна 234.083 лица.

Медицинските експерти велат дека вистинскиот опсег на лица заразени со Ковид-19 во Индија е 5-10 пати поголем од официјалниот.

Премиерот Нарендра Моди честопати беше критикуван дека не започнал побрзо да го сузбива вториот бран, откако десетици илјади луѓе присуствуваа на верски фестивали и политички митинзи во последните неколку недели.

Фестивалите и политичките митинзи беа „настани на супер ширење“ на заразата.

Слични содржини