Индискиот сој пристигна во Унгарија

од Stefanija Kuzmanovska

Унгарија идентификуваше два случаи на варијанта на коронавирусот, која за првпат беше откриена во Индија, соопштија денеска здравствените власти.

„Индискиот сој е присутен во Унгарија и според експертите не можеме да ја исклучиме можноста за нов бран на пандемијата“, рече заменик министерот и шеф на владината работна група за вакцинација Иштван Џерѓ на прес-конференција, пренесува „Ројтерс“.

Директорката на Националниот здравствен центар, Сесилија Милер, додаде дека една од двете пациенти веќе се опоравила од болеста и дека потрагата по контакти не успеала да утврди како се заразени, бидејќи никој од нив неодамна не бил во странство.

Слични содржини