Индискиот вид коронавирус регистриран во Грција

од Vladimir Zorba

Еден случај на индиската варијанта на коронавирус, одговорен за ненадејното ширење на епидемијата во Индија, беше откриен и во Грција, соопштија денеска здравствените власти на таа земја.

Позитивен примерок за варијантата што доминира во Индија е откриен со тестирање на 33-годишна жена која не е државјанин на Грција и живее во Атика, предградие на Атина, пренесе Хина.

Познато е дека отпатувала во Дубаи на 4 април.

Индискиот вид коронавирус, наречен Б.1.617.1, за прв пат беше изолиран во индискиот регион Махараштра.

Индискиот здравствен систем тешко се справува со бранот инфекции кои во голема мера се припишуваат на оваа варијанта на коронавирусот.

Слични содржини