Индонезија: Бројот на загинати во земјотресот се искачи на 310

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на загинати во земјотресот што во понеделникот го погоди индонезискиот остров Јава се искачи на 310, додека уште 24 лица се водат како исчезнати, соопшти денеска Националната агенција за вонредни ситуации, пренесува „Ројтерс“.

Според соопштението, спасувачките тимови продолжиле да ги расчистуваат урнатините за да ги пронајдат луѓето кои се уште се водат како исчезнати, но надежите дека ќе бидат најдени живи се мали.

Стотици Индонезијци се молеа денеска на улиците на Чианџур, откако земјотресот речиси го срамни со земја градот во Западна Јава.

Слични содржини