Индонезија: Суспендирани полицајци поради стампедото на стадионот

од Stefanija Kuzmanovska

Индонезиските истражители ги испрашуваа одговорните полициски службеници во вторникот по стампедото на стадионот, во кое загинаа 125 гледачи во една од најлошите трагедии во историјата на фудбалот.

Санкции паднаа и врз оние кои беа прогласени за одговорни за смртоносното стампедо на фудбалскиот стадион во Маланг на островот Јава, кога полицијата употреби големи количини солзавец за да ја контролира толпата.

Шефот на градската полиција во понеделникот беше разрешен, девет полицајци беа суспендирани, додека 19 полицајци беа под истрага за катастрофата на стадионот.

Поддржувачите на локалниот клуб Арема формираа центар за жалби во Маланг во понеделникот и рекоа дека имаат намера да ги гонат полицајците одговорни за случајното фрлање солзавец во толпата заробена на трибините.

„Доколку имало немири, солзавецот требаше да биде насочен кон теренот, а не кон трибините“, изјави за АФП Дени Агунг Прасетјо, координатор на навивачите на Арема.

„Имаше многу жртви меѓу оние кои беа на трибините. Ги фати паника поради солзавецот“.

Владата ги суспендираше сите натпревари во националната Премиер лига и објави дека покренала истрага за трагедијата.

Слични содржини