Инфантино: Фудбалерите не се на приоритетната листа за вакцинација

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, изјави денеска дека фудбалерите не се во приоритетната група за вакцинација против коронавирусот.

Некои земји започнаа да вакцинираат спортисти за да ги подготват за Олимписките игри што ќе се одржат ова лето во Токио, што наиде на многу критики.

„Приоритет се, секако, загрозените луѓе и здравствените работници. Не ги сметаме фудбалерите за приоритетна група “, рече Инфантино на прес-конференцијата на Светската здравствена организација.

„Секако, од безбедносни причини, во контекст на меѓународни натпревари и патувања, во одреден момент може да се препорача вакцинација, а Олимписките игри се веќе на лето. Но, сето тоа ќе се случи во однос на утврдениот редослед на дистрибуција “, додаде Инфанитно, а објавија британските медиуми.

Тој изјави дека сите играчи и официјални лица кои ќе патуваат во странство на квалификациите за СП во март, ќе мора да се придржуваат кон здравствените правила во врска со пандемијата на коронарниот вирус.

Говорејќи за Светското првенство во Катар во 2022. година, Инфантино рече дека натпреварите ќе се играат пред полни стадиони.

„Убеден сум дека ќе биде неверојатно, дека ќе биде истата магија што ќе го обедини светот. Ќе се вратиме таму каде што треба да бидеме “, изјави Инфантино.

Слични содржини