Актуелно
Почетна / Спорт / Инфантино: Фудбалот ќе биде различен по кризата

Инфантино: Фудбалот ќе биде различен по кризата

Фудбалот ќе биде сосем различен кога натпреварите ќе продолжат по пандемијата од коронавирусот, изјави денеска претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино.

„Фудбалот ќе се врати, а кога тоа ќе се случи ќе го прославиме будењето од кошмарот заедно“, изјави Инфантино за италијанската агенција АНСА.

Тој додаде дека постои лекција што треба да ја разберат сите – дека фудбалот ќе биде сосема различен по вирусот.

„Тој ќе биде поинклузивен, посоцијален и по поддржлив, поврзан за поединечни земји, а во исто време и поглобален, помалку арогантен и поотворен“, рече претседателот на ФИФА.

Инфантино за весникот „Газета дело Спорт“ минатата недела изјави дека е вистинско време да се направи чекор назад и да се реформира спортот, чиј календар стана пренатрупан, а ресурсите се поконцентрирани во рацете на неколку елитни клубови.

Тој посочи дека може да има „помалку турнири, но поинтересни, можеби помалку екипи, но поизбалансирани“.

„Помалку натпревари, но поконкурентни, за да се заштити здравјето на играчите“, рече Инфантино.

loading...