Инфекцијата се шири, во моментов има над 20 000 активни случаи на ковид

од Берта Китинска

Вчера во земјава  повторно беше забележан висок број на  позитивни случаи со ковид.

Од денеска војниците ќе ги придружуваат полицајците. Ќе бидат распоредени во Клиничкиот центар односно таму каде што има голема раздвиженост на граѓани, но војска нема да се праќа пред приватните болници оти тие располагаат со сопствено обезбедување.

Според најавите на Главниот штаб при ЦУК, во зависност од проценките, Армијата ќе се распределува и во другите градови.

Состојбата од аспект на безбедноста, според Анелов, е под контрола и инцидентите се изолирани и ретки.

Министерсвото за здравство информира дека вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, петмина во ковид центарот на Клниката за Неврологија, тројца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, еден на Клиниката за гастроентерохепатологија, двајца пациенти на Клиниката за очни болести и еден на Клиниката за нефрологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 15 приеми во текот на вчерашниот ден.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 56164, бројката на оздравени пациенти е 33892, на починати е 1561, а бројот на активни случаи изнесува 20711.

Слични содржини