Инфлуенсерка собрала 500.000 долари за пожарите: Ви праќам гола фотографија доколку донирате

Инфлуенсерка од Австралија се бори против пожарите со голи фотографии.

Кејлен Варс, која стои зад профилот The Naked Philanthropist, вели дека собрала 500.000 долари во само два дена нудејќи голи фотографии во замена за донациите за здрженијата кои се борат против пожарите.

20-годишната манекенка од Лос Анџелес на 3 јануари објавила дека ќе прати гола фотографија на сите кои ќе пратат потврда дека донирале во некоја од добротоворните организации.

„Очекував дека ќе соберам можеби 1000 долари, но твитет екплодираше“, рекла таа за Базфид.

Сега се ангажирани четворица како би и помогнале да ги прочита сите пораки, да верифицира и да одговори со жешка фотографија.

Минатото лето таа и нејзината фамилија морала да се евакуира поради пожарите во Калифорнија.

„Видов од прва рака колку луѓе беа погодени“

Вард за својата акција пишувала и на Инстаграм, но компанијата и го деактивирала профилот бидејќи, според нив, ги прекршила правилата за сексуална содржина.

„Инстаграм ми е деактивиран, семејството се откажа од мене, а момчето кое ми се допаѓа не сака ниту да разговара со мене поради твитот. Но, ј***а, да ги спасиме коалите“, напишала таа на Твитер.

Слични содржини