Иниеста објавува крај на кариерата на 8 октомври: Сака да биде тренер на Барселона

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Познатиот шпански фудбалер Андрес Иниеста наскоро ќе објави дека става крај на својата успешна професионална кариера, пренесуваат многу светски медиуми.

Наводно, поранешниот репрезентативец на „црвената фурија“ тој датум го избрал бидејќи тоа е бројот што го носеше на дресот во текот на целата кариера.

Иниеста до ова лето играше во Обединетите Арапски Емирати, а по истекот на договорот тренираше самостојно со надеж дека ќе најде нова средина.

Но, бидејќи Шпанецот веќе има 40 години, на негова адреса не стигна соодветна понуда и тој реши да стави крај на успешната кариера во која освои се што можеше да освои со Барселона и шпанската репрезентација.

Во дресот на каталонскиот гигант учествуваше во освојувањето на вкупно 32 трофеи, од кои девет во Ла Лига и четири во Лигата на шампионите, а со шпанската репрезентација два пати беше европски првак и еднаш светски првак. Вкупно за националниот тим одигра 131 натпревар, постигна 14 гола и имаше 30 асистенции.

Според медиумите, Иниеста има план да се врати во Шпанија, да добие тренерска лиценца и потоа еден ден да стане тренер на Барселона, каде како играч помина 16 години.

Слични содржини