Иницијатива „Учебници и настава мора да има” повторно доставија предлог за референдум

од Берта Китинска

До Собранието денекса Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска повторно поднесе иницијатива за распишување  референдум за граѓаните да се изјаснат за Предлог-законот за дигитални учебници и наставни материјали во основното и средното образование откако првиот пат иницијативата им беше одбиена како неуредна.

Министерката за образование Мила Царовска смета дека референдум против образовните промени е демократско право, но реформи во образованието мора да има.

-Сведоци сме  дека имавме многу средби нивните барањата не се поврзани со дигитализацијата, туку со  родовата рамноправност, подеднакво учество на мажите и жените нешто за што државата Уставно се обврзала дека ќе го почитува, вели таа.

Царовска вели дека референдумот е демократско право и си има постапка.

-Ние неколку пати кажавме дека дијалогот е отворен за реформите припремите за прво и четврто одделени се во континуитет. Реформите мора да се случуваат, промени во образованието мора да има. Ако тапкаме во место уште пет, седум години го губиме и можниот сегашен потенцијал, вели Царовска.

Во текот на вчерашниот ден пред подрачни единици на ДИК иницијаторите собрале околу 300 потписи кои се доволни за да го поднесат предлогот во законодавниот дом.

Слични содржини