Иницијатива за смена на Христијан Мицковски: Одговорност и вонреден конгрес мора да има

од Берта Китинска

Од Иницијативата за вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ денеска му одговорија на Христијан Мицкоски и му порачаа дека тој е единствениот виновник што Заев повторно стана премиер.

-Одговорност и вонреден конгрес мора да има. Најпосакувано сценарио на Зоран Заев е Мицкоски да продолжи да ја води партијата во нови порази и после секој пораз да прогласува победи и да наоѓа оправдувања за пропустите, стои во реакцијата на Иницијативата.

На иницијаторите кои бараат вонреден конгрес за негова смена, денекс а Христија Мицкоски им порача дека официјално барање до партијата не пристигнало но и доколку пристигне постои посебна процедура која ја предвидува партискиот статут за свикување на конгрес.

Слични содржини