Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ бара отворање на подрачните одделенија на ДИК за собирање потписи за референдум

од Vladimir Zorba

Согласно Закон за референдум и други облици за непосредно изјаснување на граѓаните (член 68, став 1 и став 2), имате обврска да ја известите Државната Изборна Комисија да ги отвори Подрачните одделенија за започнување на постапката за собирање потписи за распишување референдум на државно ниво за одлучување против нацрт Закон за учебници и наставни материјали во основното и средното образование, соопштија денеска од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“.

-На 28 мај 2021, претседателот на Собранието не извести дека Граѓанската иницијатива е уредна, и истата е доставена до претседателот на Владата. Во прилог доставуваме скенирана копија од известувањето од претседателот на Собранието, во случај да не сте го добиле известувањето. Очекуваме во најкраток рок, да ја известите Државната Изборна Комисија да ги отвори Подрачните одделенија, за да можат граѓаните да го дадат својот потпис за поддршка на Граѓанската Иницијатива. Како Граѓанска иницијатива, согласно Закон за референдум и други облици за непосредно изјаснување на граѓаните (член 69, став 1 и став 2), имаме законски рок за собирање на 150.000 потписи од граѓани, велат од Иницијативата.

Слични содржини