Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ достави предлог за референдум против дигитализацијата во Собранието

од Берта Китинска

Денеска родителите од иницијативата „Учебници и настава мора да има“ до Собранието поднесоа предлог за покренување на граѓанска иницијатива за распишување на референдум за одлучување.

– Доколку во рок од три не добиеме одговори, ние ќе сметаме дека тоа е прифатено и ќе продолжиме со собирање на потписи. Потребни ни се 10 000 потписи за законски да можеме да организираме референдум. Доколку не бидеме прифатени од претседателот на Собранието, ќе се обратиме до Владата ќе продолжиме со протестот, изјави Драгана Спасевска, која е раководител на оваа иницијатива.

Таа рече дека на протестот во Скопје собрани се 600 потписи и дека заинтересираноста во помалите градови е голема.

Слични содржини