Иницијативата „Учебници мора да има“ бара референдум за законски измени во образованието

од Берта Китинска

Од граѓанската иницијатива „Учебници мора да има“ најавија организирање на мирен Марш во Скопје против дигитализацијата на учебниците, и против новиот Закон.

Оттаму велат дека не добиле одговори од Министерството за образование на нивните барања и затоа најавија дека ќе организираат протести низ градовите од внатрешноста и во Скопје.

-Следен чекор кој ќе го преземеме е организирање на протестни маршови во сите градови ширум земјава. Па така, во сабота во 12 часот започнуваат протестите како во главниот град, така и во сите други, изјави Драгана Спасевска која е координатор на иницијативата, додавјаќи дека ќе се покрене иницијатива за задолжителен референдум на кој граѓаните ќе можат да се изјаснат за предложените измени во законот за учебници.

Слични содржини