„Иншалах“: Халанд го најави првиот натпревар во дресот на Сити

од Vladimir Zorba

Ерлинг Халанд, норвешкиот репрезентативец и член на Манчестер Сити, своето деби во дресот на „граѓаните“ го најави со зборовите „Иншалах“.

Тимот на Пеп Гвардиола игра против Баварците ноќта меѓу сабота кон недела во 1:00 часот по средноевропско време во Америка.

Натпреварот се игра на „Ламбо филд“ во Грин Беј.

Норвешкиот репрезентативец постигна 20 гола на 21 натпревар за националниот тим, а од Германија си замина со импресивна статистика. Тој постигна 86 гола во 89 натпревари во две и пол сезони во Дортмунд, освојувајќи го Купот на Германија и наградата за најдобар играч во Бундеслигата за 2020/21 година.

Напаѓачот роден во Лидс пристигна на „Етихад“ од Борусија Дортмунд за 75 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор што ќе го задржи во клубот до летото 2027 година.

Слични содржини