Инспектори во „Бардовци“ после снимките од тепање меѓу пациенти

од Nikola Popovski

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска извршил вонреден инспекциски надзор во Психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци. Ова следува по видеата објавени на социјалните мрежи каде се гледа како лица се тепаат.

„Kако новоназначен директор на психијатриската болница ’Скопје’, чувствувам должност да се обратам на пошироката јавност за последните случувања поврзани со агресивните пациенти кои се тепаат меѓусебе. Истите се сместени на судско одделение каде се третираат пациенти со изречена мерка од надлежен суд.

Се однесува на лица кои сториле кривични дела како убиство, обид за убиство и друго. Со сета должна почит кон моите претходници, би сакал да потенцирам дека затекнав состојба во која болницата функционира во отежнати кадровски, технички и безбедносни услови“, стои во соопштението на директорот на Психијатриската болница Мухсин Арифи.

Како што можеше да се забележи од снимките, штитеник во болницата бил крвнички тепан од друг пациент по налог на трет пациент кој ги снима тепачките и ги објавува на социјалните мрежи.

Случајот со претепувањето на пациент е пријавен и во МВР и полицијата работи на негово расчистување.

Слични содржини