Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Инстаграм може „солено“ да биде казнет поради нелегално чување биометриски податоци на повеќе од 100 милиони корисници

Инстаграм може „солено“ да биде казнет поради нелегално чување биометриски податоци на повеќе од 100 милиони корисници

Социјалните мрежи внесуваат лажно чувство за безбедност и ги охрабруваат корисниците да откриваат што е можно повеќе приватни информации. Но, што се случува кога тие мрежи снимаат биометриски податоци без овластување?

Судска постапка е поднесена во судот во Калифорнија против Инстаграм, во која се тврди дека апликацијата и социјалната мрежа сопственост на Фејсбук, нелегално собирале биометриски податоци од повеќе од 100 милиони нејзини корисници. Во тужбата се тврди дека Инстаграм собрал, складирал и потоа профитирал од податоците на корисниците без нивно знаење или одобрение. Тужителите се повикуваат на Законот за приватност на податоците во Илиноис, со кој се забранува собирање биометриски податоци на поединецот без негово одобрение.

Ако судот реши дека Инстаграм или Фејсбук е виновен, може да биде принуден да плати и до 5.000 долари по корисник.

Ова не е прва ваква тужба против Фејсбук. Минатиот месец, во слична тужба за употреба на биометриски податоци на Фејсбук, компанијата понуди да плати вкупно отштета од 650 милиони американски долари како дел од спогодбата. Сè уште не е постигнат договор, па можно е Фејсбук да мора да понуди повеќе.

Прашањето за употреба на биометриски податоци како на социјалните мрежи, така и во различни системи за идентификување на луѓето ширум светот, наиде на различни реакции. Додека организациите за заштита на личните податоци сметаат дека биометриските податоци не треба да се чуваат и користат без знаење на поединци, други истакнуваат дека тие се неопходни за развој на системот за препознавање лице и спречување на криминал.

Во ЕУ, позицијата е поделена и секоја земја-членка треба да одлучи одделно што и колку ќе дозволи, притоа без да ги ограничува иновациите и развојот на нови технологии.

loading...