Instagram овозможи испраќање на говорни пораки

од Vlatko K

Instagram пушти услуга, со која корисниците ќе можат да испраќаат говорни пораки.

Ова се наведува во изјавата на социјалната мрежа објавена на официјалната страница на Твитер.

„Од денес, ќе можете да испраќате говорни пораки преку Direct (внатрешна услуга на Инстаграм за инстант пораки помеѓу корисниците – н.з.), се вели во соопштението.

За да испратите гласовна порака, мора да го притиснете микрофонот во Direct и да го задржите.

Максималната должина на аудио пораката е 1 минута.

Instagram беше пуштена во октомври 2010 година и првично беше наменета исклучиво за мобилните уреди на Apple.

Од април 2012 година, социјалната мрежа за фотографии и видеа исто така е достапна за корисниците на Android платформата. Тогаш Facebook го купи за 1 милијарда долари.

Слични содржини