Instagram воведува нови опции за плаќање за прикажување ексклузивна содржина

од Vladimir Zorba

Оваа година, Instagram работеше на развивање на својата програма за претплата за креаторите кои сега можат да споделуваат објави само за претплатници. Reels и фотографиите ќе имаат виолетова значка со симбол на круна за да се истакнат. Адам Мосери рече дека ова е карактеристиката за која имал најмногу барања од креаторите во програмата, пренесe Engadget.

Нова е и опцијата за чатот за претплатници. Креаторите можат да имаат групни разговори со најмногу 30 претплатници и да ги натераат да поминуваат уште повеќе време на Instagram наместо на друга социјална мрежа. Групните разговори се овозможени од Messenger, а креаторите можат да ги започнат од нивното сандаче или Story. Претплатниците ќе имаат пристап и до почетната картичка на профилот на креаторот каде што ќе се централизираат платените содржини, вклучувајќи фотографии, Reels и архиви во живо.

Мосери вели дека десетици илјади креатори во САД сега имаат пристап до програмата за претплата, која им овозможува да им наплаќаат на фановите до 100 долари месечно за пристап до ексклузивна содржина. Во јануари, Instagram почна да ги тестира претплатите на креаторите со Paywall Stories и Livestreams. Претплатниците добиваат и виолетова значка која се појавува до нивните кориснички имиња во коментарите и приватните пораки.

Меtа, исто така, им нуди на креаторите други стимулации за градење публика и споделување содржини на Facebook и Instagram. Така минатиот месец објавија дека нема да наплаќаат провизија за заработката што креаторите ја остваруваат преку апликациите до 2024 година.

Слични содржини