Институт за меѓународни финансии: БДП на Русија ќе падне за 15 отсто

од Nikola Popovski

Руската економија ќе падне за околу 15% во 2022 година под влијание на острите санкции воведени поради нејзиниот напад врз Украина, се наведува во анализата на Институтот за меѓународни финансии (ИМФ).

Оттаму ја намалија својата прогноза за растот на бруто домашниот производ (БДП) на Русија за 2022 година за 18 процентни поени во однос на претходната проценка за раст од 3,0 отсто, пренесе Ројтерс.

„Понатамошната ескалација на војната може да доведе до поголем бојкот на руската енергија, што драстично ќе ја наруши способноста на Русија да плаќа за увоз на стоки и услуги, продлабочувајќи ја рецесијата“, се вели во анализата на ИМФ, потпишана од група економисти.

Слични содржини