Интензивните дождови во Австралија делумно помогнаа во гаснењето на пожарите

од Nikola Popovski

Интензивните дождови со грмотевици денеска ги смирија пожарите на австралискиот источен брег, што доведе до олеснување на уморните пожарникари и земјоделци кои со години се борат со сушата, но и на организаторите на Отвореното тениско првенство на Австралија во тенис кое почнува следната недела.

Викторија, Нов Јужен Велс и Квинсленд државите кои се најтешко погодени од пожарите и сушата со нетрпение го дочекаа дождот, иако пожарната служба предупредува дека дождот нема да ги изгасне сите пожари.

Метеоролозите предвидуваат силно невреме во многу области погодени од пожарите, вклучувајќи ги и предели каде со години немало дожд, што до некаде ќе ја ублажи тригодишната суша.

Обилниот дожд делумно го исчистија воздухот во Австралија, но Сиднеј, Канбера и Мелбурн остануваат во првите 100 најзагадени градови во светот.
Австралија позната по својата недопрена природа и плажите од септември се бори со пожарите при што загинаа 29 луѓе и милиони животни, а уништени се повеќе од 2.500 домови.

Слични содржини