Интер ја одби понудата за Лукаку

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанскиот фудбалски шампион Интер ја одби понудата на европскиот шампион Челси за белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку (28).

„Сините“ понудија 90 милиони евра за Лукаку и дефанзивецот Маркос Алонсо, пренесуваат италијанските медиуми.

Белгискиот напаѓач беше еден од клучните играчи на Интер во освојувањето на „скудетото“ минатата сезона, постигнувајќи 24 гола.

Лукаку веќе беше член на лондонскиот клуб, од 2011 до 2014 година, но одигра само 15 натпревари и не постигна ниту еден гол. Поголемиот дел од времето го помина на позајмица во WBA и Евертон, кој во 2014 година, исто така, го откупија неговиот договор.

Следните три сезони ги мина на Гудисон Парк, а во 2017 година се пресели во Манчестер Јунајтед за 75 милиони евра. Остана на Олд Трафорд две сезони, по што се пресели на Сан Сиро во август 2019 година за клупски рекорд од 80 милиони евра.

Слични содржини