Интер ќе го „шутне“ Конте и го чека Алегри

од Vladimir Zorba

Интер влезе оваа сезона во Серија „А“ со амбиции да се избори за Скудетото кое го чека точно една деценија, и (или) Купот по девет години, или да барем да се приближи до некој европски трофеј, поради што беше ангажиран Антонио Конте.

Дома, тимот од Милано останаа без двата трофеи. Со слаби резултати во Лигата на шампионите, стигнаа само до нокаут фазата, но во Лигата на Европа, каде Хетафе ги чека во осминафиналето. Но, сето тоа, со предвидената игра во ЛШ и следната сезона е премалку, за премногу вложени пари. Барем така мислат сопствениците на Интер.

Поради сето тоа, а и неодамнешните ушатени „отровни стрели“ кон раководството, според пишувањето на италијанскиот огранок на „Скај спорт“, се повеќе и повеќе е сигурна разделбата на Интер и Конте, кој би можел да биде заменет со Масимилијано Алегри, човекот кој го наследи во Јувентус во 2014 година.

Слични содржини