Интер ќе заработи рекордни 6,5 милиони за Дербито на Италија

од desk2
180 прегледи

Дербито број 236 ќе биде посебно поради бројките кои ќе срушат рекорди во Серија А. По 110 години од првиот натпревар помеѓу Интер и Јувентус, овој ќе му донесе најмногу профит на домаќинот.

Терминот в недела од 20.45 часот потцртајте си го, тој е резервиран за најголемото италијанско дерби помеѓу вечните и лути ривали Интер и Јувентус.

Ова ќе биде 236-то вакво дерби, а стадионот „Џузепе Меаца“ ќе биде преполн. Досега до карта дошле 75 илјади гледачи не само од цела Италија, туку и од целиот свет. Билетите се продаваат на периоди, а последните 5 илјади се продаваат денес и ако остане по некоја карта можеби и утре. Интер како домаќин ќе инкасира рекордни 6,5 милиони евра, што е рекорд за натпревар игран на територијата на Италија без разлика дали е во рамките на Серија А или Лигата на шампиони.

Низ историјата на ова дерби играле и великани како Алесандро Дел Пјеро и Роналдо

Дека интересот е невиден покажува и фактот што на трибините ќе бидат луѓе од преку 100 различни националности кои дошле до карта преку локалните фан клубови. Од повеќе од 500 регистрирани официјални фан клубови, 20 отсто се од странство. Меѓу нив, на дербито ќе присуствуваат и навивачи од Inter Club Armata Macedonia.

На малите екрани овој спектакл ќе биде пренесуван во 200 земји ширум светот од страна на 40 канали. На територијата на Македонија пренос ќе врши ArenaSport.

Слични содржини