Интер Мајами го смени грбот поради коронавирусот

од Vladimir Zorba

Американскиот клуб Интер Мајами го смени грбот за да влијае на свеста за време на пандемијата од коронавирус.

Клубот сосопственост на Дејвид Бекам стана дел од Професионалната американска МЛС лига оваа сезона.

Поради ескалацијата на пандемијата во САД, каде во последните неколку дена беа заразени десетици илјади, Интер испрати порака со промена на грбот.

Имено, двете чапји на грбот кои инаку претставуваат слобода и моќ се целосно одделени од оригиналниот грб, како совет за луѓето ширум светот да ја задржат својата дистанца.

„КОВИД-19 го парализира целиот свет и како резултат треба да го следиме важното водство на релевантните органи и да практикуваме социјално дистанцирање“, соопштија од Интер Мајами.

Тимот на Бекам досега одигра само еден официјален натпревар, откако беше поразен од ФК Лос Анџелес, Калифорнија.

Повеќе од 45.000 луѓе се заразени во САД до вторник, додека скоро 400 луѓе починаа, повеќето од Њујорк.

Слични содржини