На фудбалерот на Интер, Мехди Тареми, му е одбиен лет за САД за Светското клупско првенство поради вооружениот конфликт меѓу Иран и Израел, објавува „Газета дело Спорт“.
Немирите на Блискиот Исток продолжуваат и нивното влијание се шири на други сектори и настани кои немаат никаква допирна точка со спортот.
Најдобриот ирански фудбалер Мехди Тареми нема да може да се придружи на тимот на Интер на Светското клупско првенство, бидејќи му е одбиен лет од Техеран до Калифорнија.
Според дописникот на италијанската „Газета дело Спорт“, Тареми редовно се појавувал на аеродромот со надеж дека ќе може да се качи на авион, но морал да се враќа назад од безбедносни причини.
Целиот воздушен простор над Иран е затворен додека продолжуваат судирите и бомбардирањата. „Неро-аѕурите“ се во контакт со својот играч и се бара решение.
Вооружениот конфликт меѓу овие две земји не го поштеди ниту познатиот кошаркарски тренер Димитрис Итудис, тренер на шампионот на Еврокупот, Хапоел Тел Авив, чија зграда во која живее е разнесена со бомба. Гркот во тоа време бил во својата татковина.