Интер во полуфиналето на Лигата на Европа, Лукаку со рекорд

од Vladimir Zorba

Интер е првиот полуфиналист во Лигата на Европа откако го победи германски Баер Леверкузен со 2: 1 во Дизелдорф.

Избраниците на Антонио Конте одиграа одлично прво полувреме, за време на кое со головите на Николо Барела (15) и Ромелу Лукаку (21) го презедоа водството.

Голот на Белгиецот беше рекорден на турнирот, откако реализираше во деветтиот последователен натпревар.

На средина на првото полувреме, големиот талент на „аспирините“ Каи Хавертс врати еден од головите, но во целина, „нероазурите“ покажаа повисока класа и го заслужија своето место меѓу најдобрите 4 на турнирот.

Натпреварот ќе биде запаметен и со поништените пенали на Интер, во кои ВАР интервенираше и ги поништи првичните решенија на главниот судија.

Во спорот за место во финалето, Интер ќе се соочи со победникот од судирот меѓу Шахтјор Доњецк и Базел, кои играат утре во Гелзенкирхен.

Слични содржини