За Адам Лавињ баш и нема потреба од вовед.Тој е еден од најсексапилните мажи во светот (ја предводи листата на списанието People во 2013 година), вокал е на една од најпознатите и најобожувани групи во светот – Maroon 5 , а минатата година рече “да” на едно од најпознатите и најпопуларните лица во модниот свет во моментов – Бехати Принсло .f0cc677646c484be34d912d34991b2fb

Збирно кажано – сето кај Адам е “најдобро”, вклучувајќи ги и хитовите на групата, кои еден по друг застануваат на првите места во музичките листи.

Сепак за личноста на пејачот не се знае сè.Ако ви е интересно да се запознаете уште подобро со господин Лавињ, прочитајте ги следните интересни факти за него:

Почетни години:

1. Во 1980 година таткото на Адам – ​​Фред го базира синџирот на облека M. Fredric.

2. Иако таткото на Адам и неговата баба по мајчина линија се Евреи, а и тој самиот се прифаќа себеси за таков, музичарот не слави Бар мицва.

3. Родителите на пејачот се разведуваат, кога тој има едвај 7 години.

4. Адам почнува да свири на гитара уште од основно училиште.

5. Во 1992 година Лавињ го прави своето музичко деби во Лос Анџелес. Тогаш тој е седмо одделение.

6. Како тинејџер Адам бил дијагностициран со синдром на дефицит на внимание и хиперактивност.

Фото: Reuters

Развој:

7. Тој учел во училиштето Brentwood во Лос Анџелес, каде што станува пријател со актерот Џејсон Сигел (“Како ја запознав мајка ви”).

8. Заедно со соучениците Џеси Кармајкл, Мики Мејден и Рајан Дусик пејачот го формира Maroon 5.

9. Потоа тие ја создаваат групата Kara’s Flowers.

10. Сѐ уште се во средно училиште кога потпишуваат договор со Reprise Records.

11. Во истиот ден, независниот продуцент Томи Ален ги слуша да свират на забава на плажа во Малибу. Тој и неговиот партнер го продуцираат нивниот прв албум.

12. Групата Kara’s Flowers се појавува на екранот во епизода на серијата “Beverly Hills, 90210” во 1997 година.

13. Во одреден момент Адам работи во ресторанот Џони Рокетс.

Фото: Reuters

Ерата Maroon 5:

14. Момчињата се регрупираат повторно како Maroon 5, бидејќи луѓето го слушаат името на претходната нивна група “Kara’s Flowers” како “Cars and Flowers” или “Carlos Flowers”.

15. Иако потеклото на името на групата е тајна едната теорија е дека “5” доаѓа од името на колеџот Five Towns College и од едната од неговите бои – темно бордо (англиски maroon).

16. Нивниот деби албум “Songs About Jane” (2002 година) е инспириран од поранешната девојка на Лавињ – Џејн Херман.

17. Најголемиот успех е песната од 2011 година “Moves Like Jagger” со учество на Кристина Агилера, која се продава во тираж од 6 451 000.

Фото: Reuters

Пријателство и љубов:

18. Пријател од детството и долгогодишен менаџер на Адам е Џордан Фелдшејн – брат на актерот Џон Хил.

19. Пред да се ожени Бехати Принсло, Адам Лавињ имал врски со многу модели, меѓу кои и ангелите на Victoria’s Secret – Ана Валицина и Нина Агдал.

20. Адам е пријател со телевизискиот продуцент и сценарист Gene Hong (“Community” и “Bones”) уште пред некој од двајцата да стане познат.

21. Во текот на неколку години, двајцата живеат заедно во куќа која пејачот ја купува.

Адам со неговата поранешна сакана Ана Валицина; Фото: Reuters

Други факти:

22. Во 2012 година Адам ја менува локацијата за афтерзабавата на наградите Греми, бидејќи разбира дека ресторанот го поддржува Калифорнискиот предлог против хомосексуалните бракови.

23. Лавињ позира за некое списание во Велика Британија за да се подигне свеста за ракот на тестисите.

24. Една од многуте тетоважи на Адам е среќното 222.

25. Друга негова тетоважа е печат од шепа на кучето Френки.

26. На горниот лев агол на неговите гради пак се позиционира санскритски збор кој нема точен превод, но значењето ‘се разбира како: топлина, аскетизам, покајание и длабока медитација, меѓу другите значења.

Адам со неговата сопруга Беа; Фото: Reuters

Слични содржини