Интересот се зголемува, надмината бројката од милион аплицирани вакцини

од Берта Китинска

Надмината е бројката од 1 милион аплицирани дози на вакцини во Македонија.  Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека во државата досега аплицирани се вкупно 1.016.700 дози на вакцини, а ревакцинирани се вкупно 454.788 граѓани.

-Вакцинацијата на пунктовите се одвива непречено и со зголемен интерес, а новоотворените пунктови ја дисперзираа зголемената работа на медицинските лица во поликлиниките и го смали редот на чекање за граѓаните. Вакцини има доволно од сите производители, а на неделно ниво со нови пратки истите се надополнуваат. Сите вакцини се безбедни и само со вакцинација на населението ќе го сочуваме колективното здравје. Ова е единствениот начин да почнеме повторно да живееме безгрижно и без ограничувања, напиша Филипче на Фејсбук.

Досега во земјата се направени вкупно 1.039.272 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.908 бројката на оздравени пациенти е 150.635, на починати е 5.527, а бројот на активни случаи изнесува 3.746.

Слични содржини