Интерфејсот One UI 2.0 ќе се појави со ажурирањето до Android Q

од Vlatko K

Според извори цитирани од страна на SamMobile, со надградбата до Android Q за нивните паметни
телефони, Samsung исто така ќе ја објави верзијата 2.0 од графичкиот интерфејс One UI.


Покрај тоа, неговата следна верзија – 2.1, ќе дебитира со Galaxy S11.

Иако веќе е јасно кога ќе бидат достапни, сепак не знаеме кои новини ќе ги донесат.

One UI 2.0 најверојатно ќе ги вклучи сите подобрувања во секцијата Digital Wellbeing, кои беа
објавени од Google. Тука спаѓа режимот „Focus Mode“, кој ќе им овозможи на корисниците да
одредат кои апликации најмногу одвлекуваат внимание, и соодветно тие да се „замолчуваат“.

Слични содржини