Интерпол: Со испорака на вакцините, се очекува драматично зголемување на криминалот

од Nikola Popovski

Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Шток, денес предупреди дека со испораката на вакцини против коронавирусот, тој очекува „драматично“ зголемување на криминалот.

„Со испораката на вакцините, криминалот драматично ќе се зголеми“, изјавил тој за германскиот весник „Wirtschaftswoche“.

Како што изјави, „ќе бидеме сведоци на кражби, недозволени упади во магацини и напади за време на транспортот на вакцините“.

Во Германија, федералната полиција е одговорна за доставувањето вакцини што ќе се чуваат на тајни места.

Европските здравствени власти денес треба да одлучат за пласирањето на првата вакцина.

Слични содржини