Интерпол стравува од пораст на криминалот: Вакцината е течно злато, мафијата е подготвена на тоа

од Stefanija Kuzmanovska

Во сенка на пандемијата на коронавирусот, се одвива паралелна криминална пандемија, според Интерпол, чиј генерален секретар Јирген Шток очекува дека со почетокот на масовната вакцинација, ќе дојде до драматично зголемување на бројот на кривични дела.

„Вакцината е течно злато во 2021 година. Тоа е највредното нешто што може да се дистрибуира во наредната година. Мафијата и другите криминални организации се веќе подготвени за тоа. Со дистрибуција на вакцини, криминалот драматично ќе се зголеми“, изјави Шток за германското списание „Виртшафтсвое“.

Како што објасни, ќе се зголеми бројот на кражби, провали во магацини и напади за време на транспортот на вакцините.

„Вирусот се шири од Азија низ сите континенти и беше проследен со бран криминал“, рече Шток, додавајќи дека криминалните групи од првиот момент размислувале како можат да заработат пари од ковид 19.

И додека порано фалсификувале лекови, криминалците денес фалсификуваат средства за дезинфекција, антивирусни лекови и заштитни маски, рече директорот на Интерпол и предупреди на ризиците што се очекуваат за време на масовната вакцинација следната година.

Слични содржини