Интервју со Рафајловски: Новите цени на струјата ги штитат малите потрошувачи и ранливите категории, но не овозможуваат одржлива и динамична поддршка на економијата и стопанството

од Vladimir Zorba

Професорот Горан Рафајловски е резервиран во однос на ефектите од новиот ценовник на Комисијата за енергетика. Во вкупното, внимателно одмерување на аргументите тој ја посочува подеднаквата тежина на оние за и против, како и нивното условување од дневните економски трендови.

„Зголемувањето на ДДВ според мене требало да биде двојно помало. Од друга страна, РКЕ со овие одлуки ги штити малите потрошувачи што е добро, помага со ранливите категории домаќинства што е исто така добро и подржува ценовна политика на штедење на електрична енергија што е општо европска енергетска стратегија“, вели Рафајловски за „Локално“.

Сепак, ваквите мерки според него  се компромисни калкулации  и не овозможуваат одржлива и динамична поддршка на економијата и стопанството во целина.

„Тоа може набрзо да доведе до рецесија, намалување на производството и индиректно зголемување на и онака големата инфлација од преку 20%. Тоа би било најлошото сценарио. РКЕ треба будно да ги следи дневните економски трендови и ако е потребно да реагира повторно и многу брзо“, категоричен е Рафајловски.

Во однос на дилемата колку нашата држава успешно  „се носеше“ со сите предизвици наметнати од енергетската криза, Рафајловски оценува дека државните органи успеале релативно позитивно да ја менаџираат.

Според него, приватните компании биле присилени на одреден начин од јавното мислење и од тоа што институциите на државата согласно нормите и политиките на Европа мораа да се усогласат.

„За среќа сме под добра координација и влијание на институциите во Европа особено во последниве 1-2 години, интеграцијата во НАТО но и на сигналите што ни ги праќаа одредени политичари при посетите тука“, вели Рафајловски. 

Оттаму, како исклучително позитивно ја оценува одлуката на актуелната политичка елита да  ги следи процесите што се одвиваа во Европа, поддржани и координирани со САД и НАТО за да го „фати“ вистинскиот курс и да ја менаџира кризата.

Од 1 јануари вкупната цена на електричната енергија за малите потрошувачи се намалува за 20,15 %.За првиот блок цената ќе e пониска за  4,11 % за вториот е  за 2,95 % пониска, за третиот блок се зголемува за 0,85% а за четвртиот се зголемува за 7,65%.Овие цени се без ДДВ .Регулаторот вели дека бил многу креативен за граѓаните да не го почувствуваат зголемувањето на ДДВ.Како ги коментирате ваквите бројки и ставови на РКЕ?

-Бројките се резултат на една напорна работа на експерти од областа и компромис меѓу заинтересираните страни. Треба да се има разбирање и респект кон вложените напори на учесниците во тие комисии кои работеле на овие ценовни измени. Точно е дека Регулаторот бил креативен, но најмногу во смисла на зголемувањето на ДДВ кое што според мене требало да биде двојно помало. Од друга страна РКЕ со овие одлуки ги штити малите потрошувачи што е добро, помага на ранливите категории домаќинства што е исто така добро и подржува ценовна политика на штедење на електрична енергија што е општо европска енергетска стратегија. Но со овие мерки и прилично компромисни калкулации не се овозможува одржлива и динамична поддршка на економијата и стопанството во целина. Тоа може набрзо да доведе до рецесија, намалување на производството и индиректно зголемување на и онака големата инфлација од преку 20%. Тоа би било најлошото сценарио. Според мене РКЕ треба будно да ги следи би рекол дневните економски трендови и ако е потребно да реагира повторно и многу брзо.

Минатата 2022 година помина во знакот на силна енергетска криза.Кој според вашите проценки ја понесе целата тежинаво РСМ?Дали подеднакво добро ја менаџиравме иенергетската и топлинската криза?

-Енергетската криза беше глобална и настана пред се поради рефлексија на политичко- безбедносната ситуација во Украина и Русија. Таа енергетска ситуација која уште еднаш покажа дека политиката игра доминантна улога во стабилноста на Европа,се преслика врз РСМ и другите  балкански држави.Тежината и бремето на таа криза нормално ја поднесоа граѓаните, не само во РСМ туку и во Европа.Улогата на државата на демократски избраните институции е да го менаџира тоа и да обезбедат механизми за да бремето се поднесе полесно.Но граѓаните го понесоа тоа, а органите на државата успеаа релативно позитивно да ја менаџираат и со најмали проблеми и загуби да маневрираме низ неа.Приватните компании според мене, беа присилени на одреден начин од јавното мислење и од тоа што институциите на државата согласно нормите и политиките на Европа мораа да се усогласат.Мое чувство е дека добар дел од нив тоа го сторија не своеволно и не самоубедени туку под притисок.Велам дека релативно успешно се менаџираше кризата бидејќи за среќа сме под добра координација и влијание на институциите во Европа особено во последниве 1-2 години, интеграцијата во НАТО но и на сигналите што ни ги праќаа одредени политичари при посетите тука.Оттаму сметам дека актуелната политичка елита, не можам да проценам дали искрено и од срце го сторија тоа, но беа доволно мудри и итри да ги следат процесите што се одвиваа во Европа, поддржани и координирани со САД и НАТО за да го фатат вистинскиот курс и да ја менаџираат кризата.

Што може да очекуваме до година на енергетски план? Дали со ова ниво на цени на електричната енергија се прави контрауслуга на енергетскиот сектор и не се решаваат децениските проблеми?

-Цените споредено со другите земји во Европа се ниски но кога ќе ги споредите со животните трошоци и стандардот тогаш се на исто ниво како цените на електричната енергија во Германија. Проблемот во Македонија е недостиг на сопствена креативност и мислам дека Владата и тие што работат во енергетски сектор, недоволно и нехрабро одат во иновации и нови решенија .Ние сме 30-40 г. заглавени во еден маѓепсан циклус на ТЕЦ Неготино-РЕК Битола. Не се трудиме да ги користиме новите трендови, новите научни достигнувања и силата на младата генерација, за да обезбедиме нови енергетски решенија. Тие решенија би биле, ослободување на пазарот и овозможување со добра правна регулатива, инвестиции на поединци во енергетски капацитети кои нема да се базирани само на фотоволтаици и на ветер,туку и на биомаса и на ѓубриво. Сведоци сме дека особено западниот дел на Македонија, има проблеми со собирање, складирање и пренос на ѓубре.Ако се створат добри правни механизми и се направи политика  луѓето да можат да инвестираат, може да се направи бум во Македонија, топлинскаи електрична енергија да се произведува од ѓубре.

Како го  оценувате процесот на транзиција кон производство на електрична енерија од ОИЕ? АД МЕПСО вели дека се соочува за наплив на барања( десет кратно повеќе од можностите на преносната мрежа).Со оглед на должината на процедурата за инсталирање фотоволтаични централи и тешкотиите да се набават доволни количини квалитетен јаглен, дали сметате дека избрзавме во некои сегменти?

-Во Македонија по однос на ОИЕ не сме избрзале, туку заостануваме според другите земји, не мора да се споредуваме со Данска,Норвешка,Германија и др. Западно- европските држави, туку со Бугарија, Грција па и Албанија.Многу сме назад од таа приказна.Штета што интелектуалниот капацитет на младата генерација, која е многу способна, говорам од аспект на универзитетски професор, не е доволно искористен и не им се дава доволно можност. Тоа е политички проблем, политиката тапка во место, таа е забарикадирана во стари шаблони и шеми.Потребно е ослободување и давање можност на младите генерации. ОИЕ, фотоволтаици, биомаса и енергија од отпад е иднината за која треба не само да се размислува туку и да се тргне во акција.Во принцип треба да се дозволи секое барање за поставување нов приклучок. Новите технологии нудат нови можности и треба да се во служба на граѓаните. Ако граѓаните сакаат да постават фотоволтаици, државата треба максимално да им излезе во пресрет и согласно правните норми и регулативи, да им овозможи да инвестираат што на крајот би било  вин-вин ситуација, профит за поединецот и добивка за државата.

Од друга страна, на нашата дистрибутивна мрежа оператор е ЕВН и тој,нормално, се труди да воспостави норми на т.н модерно корпоративно и општествено одговорно управување. Но од друга страна ЕВН има економски притисок да покаже и профит. Балансирајќи меѓу тие два елемента, важно е компанијата да не заборави дека одговорноста е поважна од профитот и да не дозволи наместо да преовладаат вредностите на западната декократија, да преовладаат вредности блиски на Балканот.Во таа смисла мислам на регулативата и тоа што тие се обидуваат да го спроведат преку цена на електрична енергија која ќе ги покрие загубите.Тоа е елемент кој е непознат за Европа. Таму нема ни технички ни економски загуби, затоа компанијата треба да е многу внимателна.

Што научивме од енергетската криза? Дали попаметно ќего искористиме наученото во 2023/2024:? На што во целиот сектор на енергетиката сметате дека треба да се фокусираме како држава?

-Владата да не се фокусира на друго туку на себе, да ги намали сопствените трошоците, да промовира демократски принципи, да обезбедува регулатива во која граѓаните ќе можат да инвестираат.Така буџетот нема да е оптоварен и да биде на штета на граѓаните а истовремено ќе им овозможи на младите, приватни лица да имаат предизвик и чувство дека кога би инвестирале во такви проекти, на краток рок  би имале профит.
Работата на енергетските компании што се под владата е да ги следат овие прилики и да знаат дека нивна одговорносте да обезбедат рамковни услови за граѓаните.Приватните компании да имаат што подобри услови за инвестиции а младите претприемачи да се стимулираат да влегуваат во енергетскиот сектор  и да се развиваат по примерот на Илон Маск.

Со најавата за изградба на централата Чебрен, дипломираа неколку генерации студенти.Со секој нов тендер , владите велат дека ќе биде последен и дека реализацијата на овој проект ќе се реализира. Верувате ли во тоа дека проектот некогаш ќе го види светлото на денот и дали воопшто Чебрен ќе ја спаси државата од увоз на струја?

-Не треба да ја спасуваме државата, дравата сме ние граѓаните. Треба да размислуваме за нас, за нашиот стандард, а институциите што сме ги избрале на демократски начин како премиер, претседател, министри,треба да се сместат во рамки на своите трошоци и да бидат на услуга на граѓаните.Принципот на делување на државата би го нарекол погрешен. Треба да го развиеме принципот на развој на демократија и претприемништво и во таа смисла мислам дека постои капацитет во РСМ, има доволно образован кадар, за да ги пресретне новите предизвици и даги развие енергетските капацитети за да не бидеме енергетски зависни.Има многу такви примери во Европано треба само да им се даде можност.

Чебрен е многу долга приказна во која директно и индиректно сум учествувал со гермеанки компании. Чебрен, Галиште и Орлов камен е каскада која беше предвидена и беше добро развиена. Природата на работата беше дека ќе се гради нуклеарна централа во Бугарија, а оваа каскада со реверзибилната хидроцентрала Галиште, требаше да се користи регионално како систем на балансирање на енергијата и „back-up“ на планираната атомска централа во Бугарија. Но тој проект беше од Груевски одбиен политички, подоцна по многу полоши услови повторно прифатен, за да на крајот компанијата RWE Essenсе откаже поради внатрешни германски енергетско политички причини врзани со продолжувањето на рокот на производство на атомските централи во СР Германија. Чебрен е специфичен проект. Тоа не е проект кој може во голема мерка да допринесе за зголемување на базната енергија во РСМ туку беше проект замислен за порамнување на пиковите  во регионот.Тоа е доста скап проект и не сум сигурен како и кој сега би можел да го потурне напред. Има напори но искрено мислам дека треба повеќе да се концентираме на ОИЕ, на инвестирање на приватни лица во мали централи и фотоволтаици и ако е потребно да се зголеми стабилноста на мрежата, да се направи дополнител капацитет на база на гас во Скопје, како централата ТЕТО.

К.В.С.

Слични содржини