Интервентна го „чисти“ Градски парк пред полицискиот час (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Интервентната полиција вечерва во 18:40 часот почна да ги предупредува граѓаните во Градскиот парк да се разотидат.

Граѓаните кои се најдоа во тој момент во паркот негодуваа на предупредувањата на полицијата, со образложение декаимаат уште време пред да почне забраната за движење.

Градскиот парк во изминатиот период е преполн со луѓе, а многумина граѓани се жалат дека посетителите не ја почитуваат физичката дистанца и неносат маски, со што го загрозуваат здравјето на граѓаните.

Премиерот Оливер Спасовски соопшти дека следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со Ковид-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесена е одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд.

Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот.

Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 05 часот наутро.

Слични содржини