ИНТЕРВЈУ со Д-р Коруноска: Сексуалното образование е важно и корисно, доколку се пренесуваат информации од релевантни извори

„Воведување на сексуално образование кај младите луѓе е потребно , и доста корисно за да младите луѓе научат како да се заштитат од инфекции и несакана бременост“, смета д-р. Павлина Коруноска во рамки на своето интервју за „Локално“.

Според д-р. Коруноска, првиот гинеколошки преглед младите девојки го прават од 18. до 21. годишна возраст, како резултат на првичен направен ПАП тест и ултразвучен преглед.

Исто така, д-р. Коруноска сподели дека  споредбено со податоците од интернет веројатно е точно дека почнуваат да имаат односи девојките на помала возраст , а статистички просечната возраст на првиот сексуален контакт кај  младите луѓе е 15, 6 годишна возраст.

Со докторката зборувавме и за ХПВ вирусот, кој се почесто се активира кај девојките, како и тоа дали истите придонесуваат за ризик кај одредени групи.

 Имаат ли навика младите девојки да одат на гинеколог, кога и зошто за првпат доаѓаат кај вас?

Најчесто првиот гинеколошкиот преглед го правиме меѓу 18 и 21 год ишна возраст .Прв пат девојчињата доаѓаат за редовна гинеколошка контрола ( ПАП тест и ултразвучен преглед),без некаков конкретен проблем.Поретко доаѓаат заради проблеми, како што се доцнење на циклусот, болки во долниот дел на стомакот ,продолжени обилни крварења,зголемен вагинален секрет пропратен со чешање и непријатен мирис.

 Со оглед на тоа што работите со млади луѓе, потребно ли е воведување на сексуалното образование. Колку се запознаени младите за тоа како да го зачуваат своето здравје?

-Воведување на сексуално образование кај младите луѓе е потребно , и доста корисно за да младите луѓе научат како да се заштитат од инфекции и несакана бременост.

 Според вашето искуство, се поместува ли границата кога младите за првпат стапуваат во сексуален однос?

-Од нашата пракса не би можела да кажам дали е поместена границата кога младите за прв пат стапуваат во сексуален однос , бидејќи кај нас најчесто доаѓаат околу 19-20 годишна возраст и претежно се срамат да зборуваат од кога почнале со сексуални односи.Но ,според податоци од интернет веројатно е точно дека почнуваат на помала возраст , а статистички просечната возраст на првиот сексуален контакт кај  младите луѓе е 15, 6 годишна возраст.

Со кои проблеми се среќавате најчесто во вашата гинеколошка пракса?

-Најчесто се среќаваме со инфекции, пореметување на  менструалниот циклус, промени на грлото на матката , а и стерилитетот е меѓу почестите причини заради кои жената посетува гинеколог.

Што претставува ХПВ вирусот и има ли ризични групи кои се поизложени на ова заболување од другите?

HPV ( Human papillomavirus) припаѓа на групата Papillomaviridae .Има повеќе од 150 типови на  HPV ,од кои 40 ја афектираат гениталната ера.Постојат високо и нискоризични типови на HPV .Од високоризичните почести се HPV type 16,18,31,33,35,39,45,51,а од ниско ризичните  6,11,40,42 .HPV се пренесува со генитален контакт ,најчесто преку вагинален или анален сексуален однос.Вирусот се наоѓа и во кожата околу гениталиите и многу лесно може да премине од  гениталната регија на мажот во вагината , вулвата или анусот на жената.HPV се детектира со земање на брис за  HPV  типизација, со кој се открива кој тип на вирусот   е присутен,што е многу важно за понатамошното следење и спречување да настанат промени на грлото на матката ( дисплазии и карцином на грлото на матката ).За спречување на инфекција со HPV , постои вакцина ( кај нас ја има квадривалентната – со тип 6,11,16 и 18) која би било убаво да ја примат девојчињата, за да се заштитат од  инфекција со HPV.

Во рамки на разговорите за воведување сексуално образование во основното образование, какви се вашите ставови во врска со тој предлог?

-Кога доаѓаат во нашата ординација пациентките на прв гинеколошки преглед ,секогаш добиваат информации за тоа што е контрацепција и како да се заштитат од инфекции и несакана бременост.Сметам дека сексуалното образование  е многу важно и корисно , доколку се пренесуваат информации од релевантни извори.

 А.В.

 

Слични содржини