ИНТЕРВЈУ со Котевска: Четвртиот корона-бран ќе го нападне менталното здравје на невакцинираните

од desk4

Четвртиот корона бран почна силно да чука на нашите порти. Уште два дена и македонските граѓани повторно, на својот грб ќе ги почувствуваат зајакнатите здравствени мерки против Ковид-19. Комисијата за заразни болести, неодмана препорача пиење и јадење во кафеани на отворено, а за првпат се воведуваат и вакцинални потврди и редарска служба кои ќе ги контролираат сертификатите. Ќе нема ниту забави, концерти, конференции, спортски настани на кои ќе има повеќе од 30 луѓе.

Што можат да донесат новите зајакнати мерки против пандемијата, со оглед на тоа дека периодот на „слобода“ кратко траеше. „Локално“ на тема „Влијанието на четвртиот бран од Ковид 19 врз здравјето на македонските граѓани“, разговараше со психотерапевтката Марија Котевска-Димовска.

Таа вели, дека во периодот што ни претстои луѓето, како никогаш до сега, ќе се поделат на „вакцинрани“ и „невакцинирани“.

Поминуваат две години откако светот го нападна злокобниот вирус Ковид- 19. И Македонија жестоко ја почувствува неговата зла крв. Олабавените мерки сега повторно се кратат, и се ограничува слободното движење. Поради зголемениот број на заболени од Делта вирусот, повторно ќе бидеме „затворени“. Луѓето не сме сите исти. Како ќе влијае четвртиот корона бран врз менталното здравје на луѓето?

– Четвртиот бран на Ковид-19 ќе ги подели луѓето во две групи. Во првата ќе се најдат вакцинираните граѓани и четвртиот пандемиски бран нема многу да влијае врз нивното ментално здравје. Ова го зборувам бидејќи имунитетот што го имаат од вакцината на некој начин им дава чувство на сигурност. Додека, пак, во втората група ќе бидат невакцинираните граѓани кои немаат вакцинална заштита а со тоа и сигурност по своето здравје. Кај нив стресогениот фактор, поради несигурноста, може да предизвика психолошки проблеми: анксиозност, депресија, загриженост, но и до ескалација на агресивно однесување. Во последно време имаме една состојба на фрустрација, која може да биде насочена кон одредена група на луѓе, како што се здравствените работници.

Постои ли начин овие луѓе да се убедат и да се заштитат со вакцини или, пак, во краен случај барем докрај да ги почитуваат здравствените мерки?

-Ние не сме во ситуација да им налагаме на луѓето да се вакцинираат. Но, треба постојано да се апелира дека имунизацијата е единствениот начин на кој тие можат да се заштитат, и физички и психички. Вирусот е подмолен и постојано мутира. Вакцината дава отпорност, која може да ги ублажи последиците по нашето физичко здравје од заразата. Имунизацијата дава позитивни резултати и по нашето психичко, ментално здравје, бидејќи вакцинраните луѓе го немаат стравот од неизвесноста што може да го донесе четвртиот бран.

Што доколу сепак дозволиме коронавирусот да влијае врз нашето ментално здравје. Како да си помогнеме?

-Во овој период потребно е сите да работиме врз заштитата на менталното здравје. Освен разговор со стручни лица, во нашата држава има и бесплатни телефонски линии. Добро е нашето ментално здравје да го унапредуваме со свесност, со читање на литература која успокојува, со површно, неконтинирано следење на новините околу вирусот. Сметам дека на таков начин ќе ја држиме под контрола стресната состојба. За да не ескалираат стравовите добро е за нив да се разговара со блиски роднини и пријатели. Паниката доведува до едно однесување кое не е логично и кое може да предизвика последици. Има разлика меѓу „благо“ ставување, бидејќи тоа на некој начин ќе не доведува да ги почитуваме заштитните мерки. Но, „неконтролираниот“ страв, штетно влијае на психичкото здравје но и врз неговата околина. На овие граѓани за својата емоционална состојба пред се би им препорачала разговор со стручни лица или пак да побараат помош преку СОС телефони.

Но според последните здравствени информации кои секојдневно ги слушаме Делта сојот ги полни болниците во нашата држава. Се зголемува и бројот на починати. Дали ваквите информации можат да доведат и до тешки психолошки последици по здравјето кај одредени граѓани. Како да се справиме со ваквите информации?

– Ќе порачам дека на граѓаните приоритет треба да им биде физичкото здравје, но да го негуваат и менталното здравје. Ако го нарушиме се појавува стрес, но и депресивни состојби, и кај младите и кај зрелата популација. Ќе повторам единствена потпора се вакцините, бидејќи не заштитуваат. Во претходните прв, втор, трет корона бран, неизвесноста меѓу луѓето беше многу поголема бидејќи немавме вакцини. Сега вакцините ни даваат поголема сигурност и токму поради тоа треба да сме одговорни кон себе, за најблиските и врз околината. Добро е што процентот на вакцинирани граѓани постјано расте.

Но, како да живееме со здравствени мерки кои ни го ограничуваат движењето и дружењето?

-Бидејќи четвртиот бран нема да донесе толку голема неизвесност како претходните бранови, изолацијата во одреден период треба да биде физичката, но дистанцирањето не значи и социјална изолација. Социјалното дружење не мора да значи и физичка блискост. Препорачувам социјалното дружење да остане на начин на совремеиот 21 век. Тоа не значи ако често гледање, туку комуникацијата да продолжи со онлајн методи. Со елктронските методи може да компензираме за да не дојде до осаменост и да не се нарушат социјалните потреби за комункација. Контактите ќе бидат во помали групи.

Б.Т.

Слични содржини