Интервју со Митровски: СУТ ќе бара детални списоци од фирмите кои не исплатиле финансиска помош во угостителството

„Ние како синдикат за угостителство и туризам, не сме учествувале на ниту една средба организирана од надлежните министерства и други организации и можеби е така подобро, затоа што слушајќи ги изјавите по завршувањето на средбите, се работи за „монолог“ во кој ние би биле само бројка за оддржување на истите“, вели Роберт Митровски претседател на Синдикатот за угостителство и туризам во своето интервју за Локално.

Митровски посочува дека во овој период се дискутирало за нешто, што тие не го поддржуваат. Имено, станува збор за ден недела, предложен да биде прогласен за неработен ден, за кој како Синдикат, сметаат дека треба да се работи, но согласно сите законски прописи и правила. Ако нешто вели Владата, како на пример да нема отпуштања за време на Ковид 19, сопствениците на угостителските објекти прават нешто сосема спротивно. Оттаму Митровски смета дека треба да бидат рамноправни во овој процес.

Од СУТ велат и дека ќе побараат начин да дојдат до исплатите на фирмите по однос на добиената финансиска помош од државата. Имено, Митровски вели, се сомневаме дека бројките на фирми кои не исплатиле плати на своите вработени е многу поголем од оној кој се пласираше во јавноста.

Дали учествувавте како глас на работничката сила во угостителството, на некој од состаноците каде угостителските гранки беа опфатени во рамки на Ковид кризата и справување со истата?

-Не,не сме учествувале на ниту една средба организирана од надлежните министерства и други организации и можеби е така подобро, затоа што слушајќи ги изјавите по завршувањето на средбите, се работи за „монолог“ во кој ние би биле само бројка за оддржување на истите.

Каков е Вашиот став по однос на недела – неработен ден. Имаше многу дискусии, генерално угостителите не го одобруваат ваквиот став. Што мислите и предлагате по однос на ова прашање?

-Гарантираме, дека каквo било решение да се донесе за работа во недела, институциите ќе имаат проблем со имплементирање и спроведување на истото. Законот ќе важи за вработените во администрацијата, а нема да важи за вработените во приватниот сектор, каде сопствениците се оставени да одлучат дали ќе ја платат недела или како и досега, само совесните ќе го сторат тоа.

Дали како работничка сила во угостителството имате информација за добиена финансиска помош на адреса на вашите работодавачи и дали праксата покажува дека помошта ви е исплатена вам, кои и најдиректно сте засегнати од оваа тема?

-Во однос на ова прашање како синдикат ќе побараме список од сите фирми за и ние самите да имаме увид кој земал и колку земал помош од државата, затоа што се сомневаме дека со списокот на фирми кои не исплатиле помош, се шпекулира дека бројот е многу поголем со оглед на тоа дека има фирми кои исплатиле, 1,10 или 100 денари.

Во последно време, слушнавме гласови и од вистинските но и од оние квази угостители. Имено, колку од угоостителските работници се професионални во своето работење со пракса и теорија зад себе, наспроти оние кои за жал во државата немаат опција да работат нешто друго, па се во случај на околности најдени во угостителската гранка.

-Точно е дека во секторот угостителство има и вистински и квази угостители. Тоа се должи на недостаток на кадар кој е подготвен да одговори на барањата на рестораните, хотелите итн. Сопствениците на објектите се приморани да примаат „се и сешто“, од студенти, пожарникари, таксисти, на кои угостителството им е пропратна работа.

Дали како синдикат имате свои барања по основ на плата, и долго дискутираниот типс кој би бил дел од сметката за гостите?

-Ако државата најде начин како ќе ги дисциплинира газдите да ја исплаќаат платата согласно законот, и колективниот договор е добар почеток, затоа што мора да напоменам дека ние работиме во саботи, недели, празници, ноќни смени.. и на тоа кога ќе се додаде минатиот туд и ноќната работа ќе дојдеме до заклучок дека ќе треба да се договориме уште само за сервисот кој морам да напоменам,  не е само за келнерите туку за целиот персонал кој е вработен во објектот. Такашто, ако некој сака да шета во недела и одлучил да ужива и некој да го служи, ќе треба да плати и сервирс кој автоматски ќе влијае на зголемувањето на платите.

Што се однесува до мерките, ги запрашавме сосптвениците на локали ширум што сметаат, па оттаму имате ли предлози и вие како секако засегната страна и на кој начин ќе ги презентирате, се со цел намалување на штетата од Ковид кризата во која угостителството е најпогодено?

-Секојдневно во заводот за вработување се пријавуваат работници кои се отпуштаат по секој основ, а нас не ни е јасно зошто тоа се прави, ако Владата излегува со изјави дека треба да се задржат сите вработени и за истите ќе ги субвенционираат сопствениците. Немаме предлог, но имаме констатација дека од пролет кога се ќе почне да функционира нормално, ќе молат за вработени во секторите угостителство и туризам.

Апел и порака од вас за сите угостителски работници и дали сметате дека следната календарска година некаде ќе се вратите во нормалниот тек на работење?

-Наш апел е до вистинските газди кои не мора да се членови во комора или здруженија,  да се обединиме заедно и да го издржиме овој тежок период кој следи, и потоа подготвени да ја дочекаме пролетта која набргу ќе пристигне.

А.В.

Слични содржини