Симовски: Би ни биле добредојдени уште два – три дена за пописот

од desk4

По 20 години во Македонија се спроведува Попис кој наместо 20 дена трае 25. Причина за дополнителените пет дена се здравствените мерки поради ковид-пандемијата. На ден два дена пред крајот на оваа статистичка операција во јавноста се отвори нова дилемата дали ќе имаме дополнителни неколку денови за да можат да се попишат сите граѓани.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за „Локално“ вели дека нема ништо против допонитени два – три дена, плус за попишување, доколку тие донесат нова бројка на попишани граѓани.

Тој вели дека како институција сеуште немаат донесено одлука дали ќе побараат пописот на населението, домаќинствата и становите да биде продолжен, но дека се свесни дека доколку одлучат тоа  треба да се направи најдоцна до утре.
На сигналите од  собранискиот спикер Талат Џафери дека може да биде свикана пленарна седница, доколку има барање од најмалку 20 пратеници за итно заседание, за да се промени датумот во Законот за Попис, Симовски гледа како на можносот за успешно комплетирање на списокот на попишани граѓани.

Според последните податоци, од Државнито завод за статистика попишани се 1.695.549 лица, 526.605 домаќинства и 752.916 станови. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 198.589 граѓани од дијаспората.

Последниот попис беше спроведен во 2002 година, а стандардите предвидуваат попишувањето да се организира во почетокот на секоја нова декада.

Се гледа крајот на пописот. Г-дине Симовски може ли да ја расчистите дилемата која се појави во јавноста дека сепак ќе имаме продолжување на пописниот рок?

-Согласно законите и собраниската процедура ние како Државен завод за статистика не можеме сами да го продолжиме рокот на попишување во Законот за Попис во кој е предвиден рокот да биде 30 септември. Денеска од медиумите слушнав дека од наша страна имало иницијатива за продолжување на рокот на оваа статистичка операција. Официјано ние такво нешто немаме побарано. Ако се покренат измени за пролонгирање на рокот во Законот за попис можам само да кажам дека на нас како на Државен завод за статитика би ни биле добредојдни уште неколку денови за дополнителни проверки. Ние очекувам а и работиме на тоа, пописот на терен да заврши во предвидениот термин од 5 до 30 септември. Во моментот целиот терен е покриен со попишувачи и очекувам попишувањето на населението и домаќинствата да заврши во предвидениот рок.  Сепак ќе  кажам дека, доколку би имале дополнителни два – три дена тие евентуално би ни послужиле,  за попишување на граѓаните кои од било какви  причини останале непопишани.  Со тие дополнителни денови  би можеле да ги попишеме. Сепак не верувам дека ќе дојдеме до таква ситуација, дека ќе ни бидат потребни овие два – три дена. Бидејќи и за ваквите граѓани оставивме простор да се попишат во Комисиите на пописните реони каде имаме пунктови.  Таму  доаѓаат луѓе и се попишваат. Со тоа  ги оставивме отворени сите можности за успешен попис.  Да не заборавиме пописот сепак е статистика а не регистер и секогаш и во секој поглед може да се случи некој граѓанин да биде изоставен. Но, таквото изоставување не било со некоја задна намера, туку доколку лицето и по неколку доаѓања од страна на попишувачот не било достапно. Но, тоа се исклучоци во рамките на статичичка грешка и тоа е бројка која се изразува во промили, и тоа се случува на сите пописи во светот.

И собранискиот спикер Талат Џафери остави можност, доколку има потреба да свика собраниска седница на која со иницијатива од 20 пратеници,  ќе може да се направат измени во Законот за Попис во делот на роковите. Дали ваквите настапи на спикерот, заменикот и вашите во врска со нов изборен датум се  синхронизирани? 

-Јас денеска од медимите првпат слушнав дека собранискиот спикер Талат Џафери изјавил оти постои можност за продолжување на времетраењето на пописот поради хакерските напади што се случија на почетокот на статистичката операција. Ние како ДЗС немаме покренато официјално барање за пролонгирање на пописот. Се организиравме попишувањето да го завршиме во наредните два дена и како Завод за статистика работиме таа наша обврска  докрај да ја спроведеме. Убеден сум дека нема да се случи некое чудо кое ќе предизвика пописот да не се заврши како што ние сакаме.

Кога сме кај информациите во јавноста околу продолжувањето на роковите и  вашиот заменик  Илми Селами поточон смета дека би можело да се добијат плус неколку денови за продолжување на рокот за попишувањето. Причината е хакерскиот напад врз системот за попишување кој не работеше пет дена. На некој начин Селами смета дека би требало да се надокнадат. Речиси во исто време во јавноста беа пуштени овие инфорамции.Сметате ли лдека тоа е случајност?

-Јас и Илми Селами во текот на пописот речиси по цел ден сме  Ни. Тоа е кажано добронамерно. Тоа го кажал добронамерно одговарајќи на новинарско прашање „Што доколку не бидат попишани сите граѓани?“ Нас не ни е првпат да се организираме како што треба.

Ќе му отворите ли работа на собранискиот спикер, да свика седница во време кога Собранието не работи поради изборните активности.  За да се реализира евентуалната намера за продолжување на рокот за попис остануваат ден – два. Не постои пречки за свикување на  итна седница, но за да се реализира потребно е претходно да се достави барање од Владата или од група пратеници и да има политички консензус меѓу сите политички партии во Собранието. Дали веќе се преговара за ваква опција? 

-Ќе се повторам, ние засега стигнуваме да ја покриеме со попишувачи целата територија на  државата.  Најверојатно нема да му отвориме работа на спикерот за да свикува седница иако и самот тој кажал дека не постои пречка за да се свика итна седница на која би се разгледала можноста за продолжување на пописот. Непишано правило е Собранието да не работи во изборна кампања, но тоа не значи дека ако има итна потреба, да не заседава. Треба да има конкретен предлог, а поради фактот дека во Собранието учествуваат политички субјекти од разни проминенции, тој треба да биде усогласен меѓу нив.

Често говорите дека пописните активности на терен се одвиваат непречено. Веќе во јавноста има информации дека во одредени пописни реони интензитетот на попишување е зголемен и дека се вклучуваат дополнителни попишувачи. За кои реони станува збор?

-Имаме вклучено дополнителни попишивачи само во урбанито дел на Скопје. Тоа не се нови попишувачи туку луѓе кои веќе работеле на оваа статистичка операција, односно сме ги пренасоечиле од други реони. Тоа е нормално, бидејќи онаму каде што завршува пописот тие се исклучуваат и се вклучуваат во рекони каде има потреба.

Има и информации дека во некои реони попишувачите веќе привршуваат со попишувње на населението и домаќинствата. Во кои реони е завршен пописот, односно каде се прават последните проверки?

-Станува збор за помали реони во источниот и централниот дел на Македонија, како на пример во Каменица, Берово, Делчево, Крива Паланка, Кратово, Радовиш Свети Николе, Штип Валандово, Гевгелија, Дебар, Маврово Ростуше. Од поголемите општини при крај е и пописот во Гостивар и Струга.

Дали имате метод според кој веќе знаете колку граѓани останале непопишани?

-Не знаеме точно уште колку луѓе се останати не попишани, но знаеме точно уште колку објекти треба нашите попишувачи да поминат. Клучен момент е сега што бројката на попишани граѓани паѓа. На пример имаме останато во една згарад два – три стана, поради тоа што не ни отвориле врата од икс причини. Во тие станови одиме повторно. Тука нема интензитет но, нели треба да ги поминеме односно да стапиме во контакст со нив. Ние овој завршен дел од пописот го нарекуваме нарекуваме „чистење“.

Во изминатите 18 денови речиси секојдневно говоревте дека Државниот завод за статистика со сиот расположлив потенцијал работи непрекинато и според утврдените правила предвидени во Законот за Попис. Но јавноста беше сведок и на изјави во кои се посочуваше дека имало притисоци и нерегуларности на Пописот. Колку од овие информации се реални, со оглед на тоа дека доколку ги слушаме политичките партии и некои невладини организации тогаш во Македонија ќе живееја пет милиони граѓани?

-Во јавноста слушавме, но и до нас пристигнаа реакции од граѓани дека некои попишувачи ги прекршиле пописните правила. До нас стигнаа поплаки дека дел од Ромите биле повикувани да не се попишуваат како такви. Ние сме Државен завод за статистика и ги попишуваме граѓаните онака како што ќе се изјаснат. Не ги толерираме попишувачите кои направиле да кажам поголеми грешки, како на пример сликање на лични карти. На ваквите пријави од граѓаните реагиравме веднаш и овие попишувачи беа отстранети а пописот повторен.

Може ли сега на два дена пред крајот на пописот, да ни посочите што ви предизвика најголем проблем при спроведувањето на оваа статистичка операција?

-Најголем проблем ни направи оние здруженија и политички субјекти во државата кои беа против пописот, повикуваа на бојкот и правеа се друго за пребројувањето да не се случи. Но, таквите планови поминаа безуспешно благодарејќи на граѓаните кои масовно се одзваа на пописот. Како „успех“ моќат да си го препишат само тоа што малку го забавија процесот на нашата работа.

Дел од граѓаните во пописните прашања бараа припадност според нациналност. И инсистираат да бидат попишани според  националност. Велат дека таквите нивни обиди биле безуспеши бидејќи објаснувањето од попишувачот бил дека методологијата за попис преку вградената програма не дозволува националност Македонец, Албанец, Турчин, Ром итн. Како ги објаснуваате ваквите коментари дека со пописот се брише националнста?

-Еднставно на овие граѓани би им препорачал да го прочитаат Уставот. Терминт нациналност постоел во социјализмот. Сега имаме термин етничка заедница. Под националност во меѓународната терминологија се подразбира државјаноство. Нациналнст немавме ниту во неуспешниот попис во 2011 година. Овој термин последен пат беше употребен во пописот од 1991 година. Тогаш не прашувавме „на која етничка група припаѓаш“, туку „како се изјаснувате по етничка припадност, по некој етникум“, но тоа е друго.

Б.Т.

Слични содржини