ИНТЕРВЈУ со Зибери: Неколку институции и покрај укажувањата го игнорираат Народниот правобранител

од Берта Китинска

Моќтта на Народниот правобранител лежи во силата на аргументите кои ги изнесува во укажувањата, препораките кои ги доставува до институциите, дека со своето (не)постапување кршат некое со Устав и Закон загарантирано право. Тоа во земји како нашата малку потешко оди, но Народниот правобранител мора да ги исцрпи сите механизми за да ја убеди админстрацијата и раководителите дека неговите укажувања се во правец на остварување на правата на граѓаните, вели во интервју за „Локално“, Народниот правобранител на Република Северна Македонија, Насер Зибери.

Омбудсманот посочува дека тешко води дијалог со неколку институции кои едноставно ги игнорираат неговите укажувања.

-Ние во принцип знаеме со кого тешко ни оди дијалогот на убедување и кои институции едноставно го игнорираат народниот правобранител преку недоставување на одговори, и преку непреземање на дејствија за спроведување на неговите препораки. Тука би го споменал Министерството за здравство, потоа образование во одредени сегменти,Управата за водење на матична евиденција и други, објаснува Зибери.

Тој напоменува дека загриживачки е што состојбата во Управата за водење на матична евиденција не се менува на подобро, иако уште пред неколку години Собранието има утврдено мерка за надминување на констатираната состојба и за подобрување на соработката.

-Со оглед на ваквата ситуација, иако е несвојствено за институцијата Народен правобранител, можеби треба да се искористи и механизмот за иницирање прекршочна постапка пред суд со цел на раководното/овластеното службено лица во органот да им биде изречена глоба, смета народниот правобранител.

Речиси една година сте на оваа позиција-Народен правобранител, според вашите видувања со кои институции имате „проблем“ кои и по вашите укажувања не ја менуваат состојбата и се најмалку кооперативни?

Функцијата Народен правобранител почнав да ја извршувам од февруари годинава, или речиси повеќе од осум месеци, што до некаде е доволен период да се запознаам со нејзиното функционирање, иако како пратеник на некој начин преку годишните извештаи кои се разгледуваат во Собранието, но и како нотар имав допирна точка со оваа институција. Нејзината поставеност е таква што по претставките/барањата од граѓаните нема можност да носи мериторни одлуки, односно одлуки кои ќе ги присилат институциите да постапат по нејзините укажувања. Моќтта на Народниот правобранител лежи во силата на аргументите кои ги изнесува во укажувањата, препораките кои ги доставува до институциите, дека со своето (не)постапување кршат некое со Устав и Закон загарантирано право. Тоа во земји како нашата малку потешко оди, но Народниот правобранител мора да ги исцрпи сите механизми за да ја убеди админстрацијата и раководителите дека неговите укажувања се во правец на остварување на правата на граѓаните. Токму за ова што ме прашувате околу соработката со цел да утврдиме колку и кој ги почитува, а кој не нашите укажувања, во моментов подготвуваме една анализа која планираме на 10 декември.Меѓународниот ден на човековите права, да ја презентираме во јавност. Годинава прославуваме 30 години независност и би било убаво да се види колку и како се почитуваат човековите слободи и права, а тоа најрелевантно се гледа низ призмата на нашата работа. Ние во принцип знаеме со кого тешко ни оди дијалогот на убедување и кои институции едноставно го игнорираат народниот правобранител преку недоставување на одговори, и преку непреземање на дејствија за спроведување на неговите препораки. Тука би го споменал Министерството за здравство, потоа образование во одредени сегменти,Управата за водење на матична евиденција и други.

Во една ваша изјава кажавте дека досега имате подготвено неколку препораки со цел да се подобри ситуацијата и начинот на работа во Управата за водење на матична евиденција. Кои се вашите заблешки?Дали можеби треба построго да се реагира за да се промени состојбата во оваа институција?

Оваа институција е пример за на што претходно ме прашавте несоработка, особено последниот период за време на пандемијата, кога граѓаните и онака со потешкотии ги оставруваат своите права.Загриживачки е што состојбата не се менува на подобро, иако уште пред неколку години Собранието има утврдено мерка за надминување на констатираната состојба и за подобрување на соработката. Исто така, за овој проблем информиран е и актуелниот министер за правда, преку посебен извештај, но подобрување нема. Со оглед на ваквата ситуација, иако е несвојствено за институцијата Народен правобранител, можеби треба да се искористи и механизмот за иницирање прекршочна постапка пред суд со цел на раководното/овластеното службено лица во органот да им биде изречена глоба.

Околу 700 граѓани во земјава немаат матичен број ниту извод од матичната книга на родени.Дали се спроведува законот за воведување на лицата во посебниот регистар во матичната служба?

За ова прашање имавме изготвено Посебен извештај во кој утврдивме дека заклучно со април 2021 година, од 659 евиднетирани, само 200 лица поднеле барање за упис во посебната матична книга на родени од кои дури 60 отсто се деца на возраст под 18 години. Токму затоа и побаравме да се продолжи рокот на важење на законот со цел државата да преземе мерки и активности за целосно информирање на неевидентираните лица, со јасни и конкретни насоки за потребната документација за упис во посебната матична книга на родени, како и да се изнајдат начини за континуирано информирање на граѓаните за обврската за упис во матичните книги, како и последиците или ограничувањата за остварување на основните права на детето доколку не биде регистрирано со неговото раѓање.

По пријава од граѓанин за одредено прекршување од страна на државан институција ,на кој начин вие како народен правобранител постпаувате и им помагате на граѓаните?

За секоја поединечна пријава се спроведува потребната постапка согласно Законот за народниот правобранител, со цел да се утврди нејзината основаност преку обзебедување на сите факти, докази и податоци за посочениот случај. Притоа доколку се утврди дека станува збор за повреда на правото на граѓанинот народниот правобтанител до институцијата дава укажување за начинот на отстранување на констатираната повреда и за таа цел и се остава рок не подолг од 30 дена. Доколку во овој рок институцијата не постапи, народниот правобранител има неколку механизми да дејствува- да поднесе посебен извештај до непосредно повисокиот орган, функционерот кој раководи со органот, или Владата, а доколку и тие не ги прземат потребните мерки може да достави и посебен извештај до Собранието. Исто така, на трошок на органот на кој се однесува предметот случајот може да го објави во средствата за јавно инфорирање, а како и што погоре споменав може да покрене и барање за поведување на прекершочна постапка до надлежниот суд за изрекување на глоба.

Пред извесен период во јавноста беше изнесен случајот за скандалот со извидничкиот камп во кој биле превземени несоодветни активности во кои учествувале 16 годишни деца. Вашата институција без да добие претставка, отвори предмет за настанот.Очекувате ли брза разрешница за истиот?

Народниот правобранител секогаш кога станува збор за случај со кој има индиции за прекршување на правата на поголем број на лица, особено деца отвора предмет по сопствена иницијатива.Така постапи и во овој случај, и секако дека ќе ги бара потребните информации, како од институциите кои во моментот ја водат истрагата/Обвинителството, така и од институциите кои требале или можеле претходно да преземат соодветни мерки да не дојде до ваков настан.Брзата и ефиканса истрага е еден од начините во иднина да се спречат вакви или слични случаи.

По вашето укажување дека здравствените услуги во затвортскиот систем се загрижувачки беа превземени соодветни активности од страна на здравствените власти.Дали има подобрување во оваа сфера?

Точно е дека со објавувањето на Извештајот на нациналниот превентивен механизам за минатата година алармиравме за нефункцонирање на здравствениот систем во затворите, по што министерот за здравство најави дека ќе се спроведе план за подобрување на состојбите. Со оглед на фактот дека јавно соопштените податоци беа за состојба утврдена минатата година,а со цел да утврдиме дали има некакво подобрување во месец август годинава извшривме посета на сите затвори во земјата.Во тек е изготвување на посебен извештај , а во оваа прилика ќе ви презентирам само дел од констатциите.

Така при извршените посети Народниот правобранител увиде дека во установите нема повеќе медицински персонал кој е дел од вработениот затворски персонал, но во некои установи при недостиг на соодветен персонал назначен од јавно здравствената мрежа, установите се приморани самостојно да ангажираат медицински персонал, на кој начин повторно се нарушува принципот на професионална независност. Притоа, и во услови на назначен персонал од страна на јавно здравствената мрежа, најчесто персоналот не е доволен за обезбедување на соодветна здравствена заштита на лицата во установите. Најголем дел од установите воопшто немаат медицинска сестра/брат, а постојат и установи во кои нема ниту општ лекар, ниту останат медицински персонал назначен од јавно здравствената мрежа (во КПД Прилеп самостојно е ангажиран психијатар кој ја извршува и функцијата на општ лекар; во Затвор Гевгелија воопшто нема медицински персонал, поради што сите потребни здравствени услуги се третираат надвор од установата, за што трошоците паѓаат на товар на затворот, во отвореното одделение на КПД Идризово во Велес воопшто не располага со медицински персонал и во поглед на здравствените потреби установата комплетно зависи од КПД Идризово; отвореното одделение на Затворот Куманово во Крива Паланка, исто така воопшто не располагаат со медицински персонал, а во случај на потреба од медицински прегледи, многу често осудените лица се спроведуваат до медицинските установи со возила кои што се во приватна сопственост на претставниците на затворската служба.

Во моментов добивате преставки од страна на родители и ученици кои посчуваат дека ковид протоколите се прекршуваат во училишата неколку пати јавно говоревте и испратвите рекации до МОН.Како е во моментов состојбата на терен се применуваат ли вашите препораки во училиштата?

Со започнување на учебната година со физичко присусуво, по анализата на протоколките согласно со кои треба да се изведува наставата, како и на содржината на поднесените претставки од родителите до Миниситерството за образование и наука доставивме писмена информација. Кокретно народниот правобранител меѓу другото побара редовно да се мониторира епидемиолошката состојба и во случај на влошување на истата, Министерството за образование да овозможи брзо и флексибилно преминување кон други модели на настава заради заштита на здравјето на учениците, наставниот и ненаставниот кадар од училиштата, односно кон моделите – целосна настава со учење од далечина или комбинирано при што за правилно изведување на комбинираната настава потребно е обезбедување на сите предуслови во училиштата, во прв ред стабилен и брз интернет, како и сериозен пристап од страна на наставниците кои треба да реализираат настава како со оние ученици кои се во училница, така и со оние ученици кои се на онлајн, пришто треба да ја дадат целосната поддршка и кон сите ученици при совладувањето на наставните содржини. Во однос на времетраењето на часовите со физичко присуство, народниот правобранител укажа да се разгледа можноста истите да се реализираат во пократок временски период, за сметка на одморите помеѓу часовите кои треба да бидат зачестени и со зголемено времетраење.Ние остануваме и понатаму да ја следиме состојбата во овој сегмент и доколку се појави потреба повторно да доставиме укажување.

Во тек е изборната кампања, дали до вас пристигнуват одредени пријави?

Заради пријавување неправилности во изборниот процес и повреда на избирачкото право ние веќе имаме отворено бесплатнта телефонска линија 0800 54321.Во таа насока досега евиндентирани се неколку јавувања кои се анонимни, граѓани кои не сакаат да ги остават своите податоци,а се однсуваат на наводно вршење на притисок за гласање, за нерамномерно претставување на кандидатите од независните листи и слично.

Б.М.

Слични содржини